Бев нападнат од страна на две лица кои веќе се познати на полицијата. За жал, тие се вработени во Министерството за внатрешни работи, што дава особено лош впечаток на целиот тој настан. Лицата не беа униформирани, меѓутоа ги покажаа значките кога обезбедувањето се обиде да ја смири ситуацијата.“ – изјави директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче, во врска со инцидентот кој пред неколку денови се случи на конвенцијата на СДСМ во Куманово.

Алче истакна дека инцидентот нема никаква поврзаност со конвенцијата на СДСМ, бидејќи немилиот настан се случил надвор од неа.

Настанот се случи надвор, односно во канцеларија. Јас не можам да потврдам или демантирам  дали се членови на некоја партија, или во кое својсто тие беа таму. Ќе кажам дека никому не должам пари ниту услуги. Она што го работам како директор ќе го сработам совесно, а никакво заплашување нема да ги смени моите мислења или перцепции.“   – истакна Алче.

Директорот на охридското јавно претпријатие „Комуналец“, вели дека и покрај повредата, се чувствува добро, а не биле погодени виталните органи.

Јас сум добар, а ниту една витална фунцкија не ми е загрозена. Во текот на наредните денови ќе се опоравувам од таа повреда. Се разбира, во интерес на истрагата нема да откривам детали, освен дека очекувам, тамошните работници во МВР да си ја сработат работата. Се надевам дека во земјава нема повеќе да бидат напаѓани луѓе од лица кои треба да го спроведуваат јавниот ред и мир, а не да бидат лош пример и слика на Република Македонија.“ – посочи Алче.

Инаку, МВР идентификувало две лица кои учествувале во инцидентот што се случи на конвенацијата на СДСМ во Куманово, во кој беше повреден директорот на охридското јавно комунално претпријатие.

Како што објави „Телма“, станува збор за полицајци, од кои едниот бил избркан од работа во јануари 2008 година откако физички нападнал ракометари на „Металург“, но откако го тужел МВР со судска одлука бил вратен на работа. Вториот пак, неколку пати бил санкциониран парично или суспендиран од работа. Напаѓачите се во бегство, а полицијата подготвува кривична пријава против нив.

OhridNews