Фудбалерите на Јувентус победија (2-1) во првата осминафинална пресметка со Борусија Дортмунд. Победата не им гарантира мирен реванш „бјанконерите“ во Германија поради примениот гол во гости.


– Среќни сме што успеавме да победиме на домашен терен, но одигравме само еден натпревар, а реваншот ќе биде доста компликуван. Имавме одбрамбени проблеми во првиот дел кога не притискаа, но во вториот дел ја смиривме топката и беше се поинаку. Штета што не успеавме да постигнеме уште некој погодок иако ниту тоа немаше да ни гарантира мире реванш. – рече Масимилијано Алегри.

Стратегот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп е депримиран од начинот како неговиот состав прима погодоци.

– Првиот погодок мене лично многу ме депримираше. Сепак, ова е добар резултат. Не очекував дека тука ќе победиме 3-0 и ќе се пласираме во четвртфиналето. На крајот Јувентус можеше и поубедливо да победи и да не отпиши. – истакна германскиот тренер.

Ohridnews