Седумкратниот првак во Лигата на Шампиони, Милан на домашен терен неочекувано ремизираше со Андерлехт играјќи без голови 0-0. Сезонава “росонерите“ на домашен терен во Серија А имаат претрпено два порази и тоа двата со 1-0, затоа тренерот Алегри изјави дека направи чекор напред и дека не примиле гол.

– Ова е мал чекор напред во моменталната ситуација. Не дадовме но и добро е што не примивме, се надевам дека на првенствениот меч со Удинезе ќе успееме да ја затресеме противничката мрежа – посочи тренерот на Милан, Алегри.

Милан на мечот од првото коло во Лигата на Шампиони настапи со ослабен состав откако за тимот не конкурираа Пато, Монтоливо и Рубињо.

– За тоа нема оправдување но сепак овие ни се клучните фудбалери. Ние трениравме цела недела со нив со надеж дека ќе се опорават но ете не го издржаа последниот тренинг. Ме радува веста дека уште за наредниот меч против Удинезе ќе ги имам на располагање овие троцја фудбалери – зарши Алегри.

Во второто коло Милан гостува во Русија кај Зенит додека Андерлехт на домашен терен ја пречекува Малага.

Мх.П.