Старо-новиот шампион во Серија А, Јувентус од следната сезона ќе има нов стратег на клупата, откако Масимилијано Алегри и клубот договорија крај на соработката.

Ваквата одлука Јувентус ја соопшти после состанокот на тренерот Алегри и Андреа Ањели, кој допрва треба да ја образложи одлуката за раскин на договорот.

Една од најголемите причини е неуспехот на Алегри во Лигата на Шампиони. „Старата дама“ во неговиот петгодишен мандат два пати играше во финалето, но не успеа да стигне до титулата која веројатно ќе го задржеше уште долго Алегри на клупата.

Алегри од Јувентус замина како еден од најдобрите тренери, затоа што во пет сезони освои 11 титули од кои пет последователни во Серија А.

Кој ќе биде наследник на Алегри треба да се знае во краток временски рок, бидејќи новиот тренер ќе го има истиот предизвик на кој 51-годишниот немаше одговор.

OhridNews