Без победник 1-1 заврши „дербито на Италија“ меѓу лидерот на табелата во „калчо“ лигата Јувентус и Интер. „Нероазурите“ лесно можеа да заминат со целиот плен, ако искористија барем една од шансите во вториот дел.


– Од првите 45 минути можам да бидам задоволен бидејќи одигравме на едно високо ниво. Но, во вториот не личевме на себе и не успеавме да го задржиме истото темпо. И пред да го примеме погодок делувавме изгубено и деорганизирано на теренот. – рече тренерот на „старата дама“ Масимилијано Алегри.

„Бјанконерите“ по 17-та рунда останаа на првата позиција, но имаат само еден бод предност од второпласираната Рома.

Мх.П.