Италијанскиот првак Јувентус никако да фати ритам во „калчо лигата“. По лесната победа над Џенова 2-0, „старата дама“ во вондредното коло ремизираше 1-1 пред своите гледачи со Фросиноне.
„Бјанконерите“ без трите планирани бодови останаа во финишот од мечот кога нивниот симпатизер Бланшард погоди за гостинскиот состав.
– Многу сум им лут на играчите бидејќи примаме погодоци од првата посериозна акција која ќе направи нашиот противник. Едноствано, не смее да примаме наивни погодоци како што беше случај неколку пати сезонава. – рече Масимилијано Алегри.
Јувентус по пет одиграни натпревари има една победа и два нерешени резултати и со пет бодови се наоѓа во долниот дел од табелата.
Мх.П.











