Сезонава ќе заврши љубовта помеѓу екипата на Јувентус и стратегот Масимилијано Алегри. Клубот, вчера соопшти дека се разделува од искусниот стручњак, кој повеќе од успешно го предводеше Јувентус пет сезони.

„Старата дама“ со Алегри на клупата освои 11 титули, а пет нив се во Серија А. Единствен неуспех на Алегри му се смета неуспешниот обид да се покори фудбалска Европа, односно да се освои титула во Лигата на Шампиони.

  • Поминав фантастични пет години. Животот е таков и мора да се прифатат разделбите. Незнам за кој тренер точно станува збор, но знам дека ќе биде големо име со оглед на нивото кое го има Јувентус. Моја следна дестинација? Прво на плажа, потоа ќе видиме. – изјави Алегри.

Алегри во Јувентус пристигна во 2014 од редовите на Милан. Претходно, Алегри четири години ги водеше „росонерите“ а пред тоа тренер бешена Каљари, Сасуоло и Гросето.

OhridNews