Италијанскиот првак Јувентус се доведе во ситуација да брка победа на реваншот со Тотенхем во Лондон, откако на домашен терен во првиот меч прокоцка предност од 2-0. „Петлите“ најдоа начин и стигнаа до реми со два постигнати погодоци во гости.

– Навистина беше добар натпревар во кој ние направиме неколку крупни грешки. На 2-0 имавме шанса за 3-0, а на 2-1 промашивме пенал, но чуствувам дека престанавме да играме фудбал после вториот погодок кој ни донесе рано водство. Тотенхем знаеше како да ги казни нашите грешки и повлекувањето на 2-0 кое воопшто не требаше да се случи. Уште пред почетокот на овој двомеч знаев дека ќе биде тешко, а во Лондон на реваншот ќе играме на се или ништо. – изјави Масимилијано Алегри.

На „старата дама“ не и одговара реми без голови или 1-1, туку нерешена средба со минимум шест погодоци или било каква победа.

OhridNews