Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изненадно за првиот дуел со Реал Мадрид во Лигата на Шампиони го вклучи Стефан Струраро во составот, а го изостави Андре Барзаљи.
– Струраро е во добра форма и многу ми беше потребен во трансформацијата бидејќи може да помогне во фазата одбрана и напад. Играчите беа феноменални на тактички план особено кога требаше да се направи притисок на половината од противникот. Воопшто не ми беше лесно да го оставам на клупата Барзаљи, но морав да донесам таква одлука. Знаев дека кога тој ќе влезе во игра ќе допринесе многу повеќе. Тоа и се случи ја сменав формацијата, а му помогаше на Бонучи, кој веќе имаше жолт картон. – рече Алегри.
Тактиката вроди со плод бидејќи Јувентус славеше со 2-1, а по влегувањето на Барзаљи во игра „кралевите“ немаа посериозна прилика да го загрозат голот на Џиџи Буфон.
Мх.П.