Јувентус по пауза од 12 години се пласираше во финалето од Лигата на Шампиони, а таму ќе се сретнат против моќната Барселона.


Во 1/2 финалето италијанскиот првак беше поуспешен од Реал Мадрид откако победи во Торино 2-1 и ремизираше 1-1 во Мадрид на Сантијаго Бернабеу.


– Им реков на моите играчи да одиграат храбро и паметно. Им напоменав дека Иско и Џејмс Родригез не се доволно добри во дефанзива и дека тука е нашата прилика. Сите мои забелешки ги исполнија играчите и заслужаат чиста десетка. Сите заедно го заслуживме местото во финале и верувам во победа над Барселона. – рече Масимилијано Алегри и додаде околу квалитетот на противникот, кој ги очекува во Берлин на 6 јуни. – Каталонците се состав против кој неможеш да се надигруваш. Имаат убоит напад и се што е потребно за една квалитетна екипа, но тој меч ќе биде финале и во него се е можно.

Мх.П.