Фудбалерите на Јувентус ја освоија првата титула сезонава победувајќи го Милан со минимални 1-0 во Супер купот на Италија, кој се одигра во Саудиска Арабија. Човек на одлука во финалето беше Кристијано Роналдо кој го постигна единствениот погодок. Португалецот по асистенција од Миралем Пјаниќ со глава го матираше Џиџи Донарума.

  • Не сакам да се повторувам но токму поради вакви голови во значајни мечеви го доведевме Роналдо. Секогаш постигнуваше погодоци, а еве продолжи и во Јувентус. Тимот играше одлично, а Роналдо беше круна за се. Мора да се пофали и Милан кој одигра супер натпревар. Во првото полувреме бевме бавни, но во вториот дел реагиравме подобро и го добивме мечот. Ми се допадна и играта на Дибала и му честитав после натпреварот. – изјави Масимилијано Алегри.

Јувентус многу веројатно ќе ја освои титулата во Серија А, ќе атакива и на трофејот во Купот на Италија но главна цел сезонава е „ушкото“ од Лигата на Шампиони.

OhridNews