Актуелниот првак во Италија, Јувентус во третата рунда го освои првиот бод играјќи само 1-1 со Киево во Торино. Резултатите се непосакувани од навивачите кои веднаш го кренаа гласот против тренерот, фудбалерите и управата.


– Потребно ни е време да се воиграме бидејќи сменавме дури десет фудбалери. Вистина, никој не очекуваше ваков расплет, но ништо не е готово, имаме сила и квалитет да се вратиме во вистински колосек. – рече тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.


На полувремото од мечот мораше да реагира капитенот Џиџи Буфон откако фудбалерите со свирежи беа испратени во соблекувалните.

„Старата дама“ има два порази и едно реми во првите три натпревари и се уште нема победа во новата сезона.

Ohridnews