Јувентус на Максимир во Загреб ја забележа првата победа сезонава во Лигата на Шампиони, совладувајќи го Динамо Загреб со високи 4-0 во втората рунда од групната фаза.


„Старата дама“ отпорот на домаќините го скрши во 24-та со голот на Миралем Пјаниќ, а седум подоцна Гонзало Игуаин го дуплираше водството на 2-0. Во вториот дел Пабло Дибала зголеми на 3-0, а конечните 4-0 ги постави Адријан Шемпер со автогол.

– Не го потценивме противникот, влеговме мотивирано и решително во натпреварот. Игравме добро, а тактички можиме и уште подобро. После водството од 3-0, игравме многу брзоплето место да ја спуштиме топката, тоа тактички е сосема погрешно, но ќе го поправиме со тек на време. Многу важно за нас што не примивме погодок, што значи дека влегуваме во ритам. – рече Масимилијано Алегри.

Во следната трета рунда италијанскиот шампион силите ќе ги одмери со Лион додека Динамо Загреб со Севиља.

OhridNews