Дербито во Лигата на Шампиони во дресот на Јувентус нема да му остане во добро сеќавање на Кристијано Роналдо, откако Португалецот доби директен црвен картон после неполни 30 минути игра. Роналдо имаше блиска средба со дефанзивецот на Валенсија, Џејјсон Мурлјо, а судиската петторка од Германија на чело со Феликс Брих одлучи да го исклучи Португалецот.

  • Единствено што можам да кажам дека ако имаше Видео технологија (ВАР) многу ќе помогнеше во оваа ситуација. Разочарувањето кај Роналдо беше големо, а и кај нас исто така, бидејќи ќе го загубиме најмалку на еден меч нашиот најдобар фудбалер. – изјави тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

„Бјанконерите“ и со играч помалку стигнаа до победата. На крилата од Миралем Пјаниќ кој ги постигна двата голови во триумфот (2-0) над Валенсија.

  • Игравме многу добро до исклучувањето на Роналдо, а продолживме и понатаму со нашиот стил кој ни два погодоци и победа подоцна. Не беше лесно да се гостува на „Месталја“ затоа што навивачите се вистински ветар во грб за домашните фудбалери во текот на сите 90-ет минути. Моите играчи заслужуваат честитки за тимската игра. – додаде Алегри.

Италијанскиот првак во втората рунда на домашен терен го пречекува Јанг Бојс кој изгуби од Манчестер Јунајтед 3-0.

OhridNews