Фантасничниот победнички низ на Јувентус во Серија А заврши во Болоња откако домаќините ја зачуваа својата ремизирајќи 0-0. Ремито значеше крај на серијата од 15-ет победи која го врати Јувентус на врвот во Калчото.


– Отворивме добро, но не постигнавме погодок од првите неколку шанси. Потоа, домаќините се затворија, се бранеа одлично и немавме начин да го пробиеме нивниот бедем. Едно на сите треба да ни биде јасно, не може секогаш во фудбалот да се победува. – рече тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри.


Искусниот стручњак имаше објаснување за лошата игра во нападот, каде неговите фудбалери упатија само еден удар кон противничкиот гол.

– Моите совети за играчите пред почетокот на мечот беше да шутираат повеќе бидејќи два месеци постигнуваме голови од такви позиции. Но, Болоња се бранеше високо и не ни дозволи чисти прилика за удар кон нивниот гол. – додаде Алегри.

Болоња најде лек за машинеријата Јувентус

OhridNews