Манчестер Јунајтед после завршување на сезоната ќе остане без менаџерот Сер Алекс Фергусон, кој го потврди своето заминување. Негов последен натпревар на Олд Трафорд ќе биде в недела против Свонси, кога “ѓаволите“ ќе бидат крунисани за нови шампиони.

Веста за повлекување на Фергусон од клупата на Манчестер Јунајтед ја пласираа англиските медиуми, а денес тоа и официјално беше потврдено од клубот.

Шкотскиот менаџер на Олд Трафорд помина 26 години освојувајќи 13 титули во Премиер лигата, две во Лигата на Шампиони, а Манчестер Јунајтед го издигна високо во фудбалското небо.

За негови наследници се шпекулираат актуелнио менаџер на Евертон, Дејвид Мојс, најголемиот пријател на Фергусон, Жозе Мурињо и стратегот на Дортмунд, Јирген Клоп.

Мх.П.