На изборното Собрание на Социјалистичката партија (СПМ) Охрид, што се одржа деновиве, сите делегати едногласно ја дадоа подршката на досегашниот претседател Проф. д-р Александар Блажески како потврда за довербата, посветеноста и визијата што ја носи со себе, информира партијата.

Сплотени , силни , побројни продолжуваме и убедени сме дека ќе продолжиме да ги браниме вистинските социјалистички вредности со кои успехот е загарантиран. Веруваме во успешен мандат исполнет со мудри одлуки, силно лидерство и остварени цели во интерес на народот и напредокот на општеството, соопшти СПМ Охрид.

Александар Блажески (десно) – реизбран на чело на СПМ Охрид

Социјалистичката партија на претстојните локлани избори ќе настапи со владејачката коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews