Дербито на дното од табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад ќе биде шанса за Кадино и Охрид да стигнат до првите бодови во новата сезона. Кадино и Охрид имаа лош почеток со четири порази во исто толку натпревари а победа во меѓусебниот дуел за една од екипите ќе значи нов лист во второлигашката конкуренција.

„Рибарите“, имаа турбелетна недела и пораз од Пелистер на домашен терен, но полека ги консолидираат редовите и најавуваат борба за бодовите против тимот на Кадино.

  • Сезоната ја започнавме најлошо што можевме. Противниците максимално ги искористија повредите во нашиот состав, не` воиграноста и не` искуството и оној притисок кој го носи почетокот на сезоната. Сето ова е минато. Ние напорно трениравме изминатава недела и решително влегуваме во мечот со Кадино да ги освоиме бодовите. И Кадино во нас ја гледа шансата, затоа мора да играме најдобро што можеме и да ги израдуваме охриѓани и „Рибарите“ кои ни се констатна поддршка на сите натпревари. – изјави офанзивниот фудбалер Александар Целески.

Охрид ќе ги има сите фудбалери на располагање откако бекот Наум Велјаноски Вецко Вренцоски ги залечија повредите добиени на дуелот со Пелистер. Натпреварот Кадино – Охрид се игра утре (сабота) во 15 часот и 30 минути.

Двојки 5.рунда: Кораб – Велазерими, Пелистер – Гостивар, Кадино – Охрид, Лабуништа – Дрита, Вардар Форино – Скопје.

Табела: Скопје 10 бодови, Пелистер 9, Гостивар 9, Дрита 9, Лабуништа 7, Велазерими 7, Кораб 4, Вардар Форино 3, Кадино 0, Охрид 0

OhridNews