Фудбалскиот клуб Охрид, задржа уште еден фудбалер од минатата сезона потпишувајќи нов договор со голгетерот, Александар Целески.

Преговорите помеѓу фудбалерот и клупската управа вродија со плод, и Целески се обврза на едногодишна соработка.

Поранешниот член на Струга Трим Лум и Кораб, минатата сезона беше еден од подобрите фудбалери во охридскиот состав и неговото останување ќе биде голем плус за стратегот, Драган Бочески.

„Рибарите“ го задржаа речиси целиот ростер со кој настапуваа во дебитанската сезона во Втората МФЛ. Охриѓани се засилија со пет фудбалери и наскоро ќе ги објават планот и програмата за летните подготовки во пресрет новата второлигашката авантура.

OhridNews