Македонскиот преставник на Олимписките игри во Атланта 1996 година, Александар Маленко е назначен за нов претседател на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ).

Охриѓанецот, веднаш по назначувањето за прв човек на ПФМ најави подобри денови за пливањето и за пливачите во нашата земја.

– Прв пат во пливачката федерација дојдоа професионалци и искрени вљубеници во пливањето, а не луѓе со партиски задачи односно награди. Пливањето во нашата земја е на многу ниско ниво, а задача наша ќе биде да го крениме квалитетот и да го вратиме сјајот на еден од највозбудливи спортови кај нас. – рече Маленко.

Дека работите се движат во позитивна насока покажува новата задача на Томи Стефаноски. Легедарниот пливачки маратонец ќе биде задолжен за далечинските дисциплини и ќе биде потпреседател, додека други луѓе ќе се грижат за олимписките дисциплини.

OhridNews