Идејата на група ентузијасти која тлее(ше) две децении и сонот на охриѓани за пливачки маратон со светска и олимписка иднина се оствари, откако во Охрид се организираше маратон на 10 километри.

Златните одличја заминаа кај бугарските пливачи Венцислав Ајдарски во машка и Василики Кадоглу женска конкуренција, но и почестите за организаторите кои без грешка го спроведоа маратонот.

– Искрено јас сум презадоволен од маратонот, кој помина прво во најдобар ред во однос на здравјето на пливачите и во нашата задача-организацијата. Датумот на одржување на маратонот не го одрабавме случајно, 12 август е денот на младите во светот. Сонот на охриѓани за организација на маратон со олимписки и светски предзнак се оствари, но ова е само почеток, бидејќи нашата цел е Охрид да добие квалификациски циклус за пливачки Мундијал или пак Олимпијада. Годинава бевме во фокусот на ФИНА и се надевам на позитивна оценка која ќе ни даде поголем елан и обврска за маратоните кои доаѓаат. Јавно сакам да им се заблогадарам на сите чинители кои ни помогнаа да го организираме маратонот и да се претставиме во најдобро светло. – изјави Александар Маленко.

Најдобри на првото издание на Олимпискиот пливачки маратон беа Венцислав Ајдарски и Василики Кадоглу од Бугарија.

Мх.П.