Актуелниот градоначалник на општина Охрид, Александар Петрески, по трет пат ќе трча на локалните избори.

Како што дознаваме, во сабота вечер во Охрид ќе се оддржи општинска конференција на која партиските делегати ќе донесат конечна одлука за кандидатот за градоначалник. 

Петрески во анкетите кои ги спровела партијата имал највисок рејтинг, поради што се очекува да ја добие поддршката од своите сопартијци, како што тоа беше случај и со неколку други актуелни градоначалници од редовите на оваа партија.

Во трката за кандидат од СДСМ за градоначалник на Охрид, покрај Петрески беа предложени и претседателот на општинската организација, Науме Јованоски и секретарот на охридскиот огранок, Ѓоко Танасоски. Тројцата денеска беа на состанок во централата во Скопје, каде биле информирани за резултатите од интерните анкети, кои партијата најави дека ќе ги почитува во изборот на кандидат а градоначалник.

Според најавите, СДСМ кон крајот на јули, во Охрид ќе оддржи митинг на кој ќе биде претставен кандидатот за градоначалник.

OhridNews