Нефункционалниот колектор и несоодветната канализациона мрежа се причина за загадувањето на водите од Охридското Езеро околу реката Грашница во населбата Воска каде од неодамна се поставени табли за забрана за капење, информира MЈП Проаква. Екипи на претпријатието изминатиот викенд работеле на отстранување на проблемот, но за целосна санација потребен е поголем зафат.
Секундарната канализациона мрежа треба во целост да се одвои од атмосферската. За жал во Охрид има уште многу да се сработи на ова поле. Со санацијата исто така е предвидено да се изврши пречистување на секундарната мрежа со што ќе се зголеми протокот. Проблемот е сложен, но ние го решаваме секојдневно во рамки на можностите кои ги имаме. – изјави Владимир Алекисјоски – директор на МЈП Проаква.

Ние веќе имаме изработено проект и чекаме да отпочне со работа државното јавно претпријатие „Колекторски системи“. Во октомври ќе отпочне тендерска постапка и сигурен сум дека до почетокот на наредната сезона повеќе нема да го имаме овој проблем. – истакна Алексијоски.

OhridNews












