Манчестер Јунајтед лесно и убедливо го совлада Јеовил Таун (4-0) и обезбеди пласман во следната рунда од најстарото клупско натпреварување во Англија, ФА купот.

„Црвените ѓаволи“ отпорот на домаќините го скршија пред крајот на првиот дел, кога Маркус Рашфорд го искористи киксот на потесната одбрана. Во второто полувреме Андер Ерера со ефектен погодок го дуплираше водството 2-0, на 3-0 зголеми Џеси Лингард со погодок после одличен соло продор, а конечните 4-0 ги постави Ромелу Лукаку во судиското продолжение.

На дуелот со Јеовил првиот настап во дресот на Манчестер Јунајтед го запиша најновото засилување Алексис Санчез кој асистираше за головите на Рашфорд и Андер Ерера.

После комплетирањето на оваа рунда по пат на ждрепка Манчестер Јунајтед ќе го дознае противник за следното коло во ФА Купот.

OhridNews