Лошите односи меѓу менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер и Алексис Санчез кулминираа, откако францускиот стручњак одлучи да не го вклучи во првиот состав чилеанскиот фудбалер за дербито со Ливерпул.
Најдобриот стрелец на „топчиите“ сезонава влезе пред стартот на вториот дел и асистираше до Дени Велбек кој го постигна почесниот погодок во поразот 3-1 од Ливерпул на Енфилд.
Причина за седнувањето на клупата е караницата на Алексис Санчез со останатите играчи до екипата. Чилеанецот после расправата со соиграчите самоволно го напуштил тренингот што е недозволиво за професионалец.
Неодамна Алексис Санчез одби да го продолжи договорот со Арсенал иако клубот му понуди 180 000 фунти неделна плата. Будно случувањата на Емирати ги следат Јувентус и ПСЖ кои го посакуваат напаѓачот во своите редови.
OhridNews