Со трансфер на Алексис Санчез на Олд Трафорд со рекордна заработувачка во Премиер лигата и со преселба на Хенрик Мхитаријан на Емитари ќе заврши трансфер сагата на Манчестер Јунајтед и Арсенал околу чилеанскиот репрезентативец.

Заминувањето на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед го потврди Арсен Венгер кој изјави дека трансфер веројатно ќе се случи.

– Медиумите околу трансферот на големо пишуваат неколку денови и нема што јас повеќе да додадам. Трансферот можеби ќе се случи или можеби не, а ако не се случи до крајот на овааа недела тој ќе игра на гостувањето кај Кристал Палас. Во менаџерската работа сум 30 години и сведок сум на неколку упропастени трансфер во последен миг. Но, работите со Санчез стојат дека тој ќе го засили Јунајтед. – изјави Венгер.

Се очекува во трансферот на Алексис Санчез да биде уклучен ерменскиот репрезентативец Мхитаријан. – Постои таа можност и ми се допаѓа тој како фудбалер. Многу пати сме играле против него и секогаш ни правеше одредени проблеми затоа и ми остана во добро сеќавање.

OhridNews