Фудбалерот на Арсенал, Алексис Санчез започнал преговори со францускиот шампион Пари Сент Жермен за трансфер после завршување на оваа сезона.


„Светците“ ниту во минатото не ги криеаја симпатиите кон Алексис Санчез кој по заминувањето од Барселона го одбра Арсенал.

Договорот на чилеанскиот репрезентативец со англискиот премиерлигаш истекува во јуни следната година, а фудбалерот одолговлекува седнување на маса со управата на „топчиите“.

Најверојатно, иднината на голгетерот ќе зависи од одлуката на Арсен Венгер кој договор со клубот од „Емирати“ има до крајот на сезоната.

OhridNews