Трансферот на Алексис Санчез од Арсенал во Манчестер Јунајтед влегува во завршна фаза, откако чилеанскиот репрезентативец на тренингот во петокот се збогувал со „топчиите“.

Како што пренесува „Дејли Мејл“, Арсен Венгер го планирал Алексис Санчез за мечот со Кристал Палас денеска во 16 часот после повредата на Дени Велбек, но фудбалерот одбил да игра и чека преселба на Олд Трафорд.

„Црвените ѓаволи“ за услугите на Алексис Санчез на Арсенал ќе му исплатат 35 милиони фунти, а фудбалерот ќе заработува 350 000 фунти неделна плата која ќе преставува рекорд во Премиер лигата.

Во целокупниот трансфер на Алексис Санчез можеби ќе биде уклучен и Хенрик Мхитарија кој првично не сакаше да се пресели на Емирати.

Арсенал се одлучи на ваков потег со Алексис Санчез, бидејќи Чилеанецот после завршување на оваа сезона ќе биде слободен играч и без никаква оштета ќе може да го засили било кој клуб.

OhridNews