Ангелот на Викторија Сикрет Алесандра Амброзио на Твитер ја објавила првата фотографија од синчето Ноа Феникс. Манекенката и нејзиниот вереник Џејми Мазур во понеделникот по втор пат станале родители, кога познатиот модел се породил во бразилскиот град Флорианополис.
По раѓањето на синот двајцата биле пресреќни. Алесандра, која со вереникот веќе ја има тригодишната ќерка Ања, под фотографијата напишала „Малечката рака на мојот ангел“.