При извршените претреси кај К.И.(32) од Охрид е пронајден еден пиштол марка „Застава“, една димна бомба, импровизирана полициска палка и неколку ампули со засега неутврдена течност. Кај Д.Б.(29) од Охрид е пронајдено помало количество марихуана и еден нож, додека кај И.А.(34) од Охрид е пронајден самострел и оптика за оружјето.Покрај овие три случаја, извршено е легитимирање и претреси и кај други 30 лица кај кои нема пронајдени дрога или оружје. Исто така извршени се проверки и на 15 патнички возила, а во текот на ноќта била извршена контрола и на вработените во обезбедувањето во три ноќни клуба. Од страна на полицијата кај нив не биле констатирани никакви неправилности.
При извршените дејствија немало никакви проблеми, ниту потреба за употреба на сила, инфоромираат од МВР.