Иако не им е сезона, алгите процветаа во Охридското Езеро во октомври. Најверојатна причина за ваквата појава е ниското ниво на Езерото и топлото време.
Во последните години зачестија невообичаените промени кај флората и фауната во Охридското Езеро, што според научните работници се должи на климатските промени и големите осцилации на нивото на вода.
OhridNews