Лидерот на ДУИ Али Ахмети доживеа сообраќајна несреќа кај патарината кај Гостивар , патувајќи од Кичево кон Скопје, и итно е пренесен во тетовската болница, информира интернет порталот на албански јазик Лајм. Според порталот, Ахмети е полесно повреден додека возачот доживеал потешки повреди.
Автомобилот со кој патувал Ахмети се удрил во бетонскиот столб на патарината, а неофицијално како причина за сообраќајката се наведува намалената видливост заради маглата.
Ахмети патувал кон Скопје на средба со спикерот во албанскиот Парламент, Илир Мета.
OhridNews
извор: Лајм












