Евааааааааа. Де бре да не пукниш. Ме здрви ме бутуруса. Ајде влегви. Ко те видов таков во бузиштата си реков Сара Мејс ми дојде на врата. Синосан, џигеросан ко мастило да си пијал за Божиќ, ко слива магарешка скапана…… да би не пукнал да би. Ќе ојдев фира ќе се фиросав.

А шо си вака зaмрзнат? Дан работеше и ти крај езеро со куртони? Не туку лупај. Какви проститутки крај езеро. Таму имат лебеди, а другите се сите во парламент. Тук мислев дан ги облеквеше палмине да се заштитет дан смрзнат, да не им студит. И какви се сега, така да ги најме на пролет. Зш глупо е толку време си ги чуваме суви и сега да ја заебиме работата до на пролет. Ко ќе дојт април, ваѓаш куртоните и оп тие исто ко во декември. Пак суви.

И не туку се нервирај ко не гледаш телевизија за состојбава. Ќе заглавиш ами како ко не слушаш препораки шо ги кажвет и тргвиш неспремен без опрема. Убо си рече онај батецон на телевизија: патиштата се сегде проодни не е проблем но немој да ви текнит на памет да патувате. А веќе ако морате да тргните не се секирајте супер се патиштата. Само за секој случај носете си зимски гуми, синџири, мало лопатче, дикељ, врешче песок, три врешчи сољ, катерпилар в гепек, еден ровокопач, кијап и тро сонце за секој случај. Ама важно патиштата се проодни. 

А и друго да знајш. Ако дојт веќе аџеле, не дај Боже скраја да е, ако стигнит снегот до огромни 20 сантими гарант спонтано ќе излезат оние домаќинкине и спонтано ќе ги исчистет бар главнине сообраќајници. Нормално пред то шарениве со кечап, ајвар, расол црвен и други зимници да го исфарбет.

Тук шо мака те натера да идаш по кијаметов ко Аљаска да сме, да возиш на цели 10 сантими снег, и на -10 пусти степени да би се пустосале санким зима е? А? Оф тешко тебе. Како не ти е јасно јас не знам дека 100 се помалку од 20, а уште помалку од 10. Е така де не сум глуп. Значи 51 Коле и 49 Зајко. И ти викаш 100 дека се. Е не се бре и не се.
Ај земи и логички мисли. Каква математика бре. Во политиката математиката е никој. Значи 51+49=2. Не сум бре пијан така е. Зш едните се од ВМРО другите од СДСМ и ќе се изедат ќе се бутурисет меѓу себе и нормално останвет двајца зш ќе немат кој да ги изејт. Знаев дека ќе ти е појасно.

Во умојте на нашите водачи поарно е 63 отколку 100. Е зато дали Коле дали Зале ќе го тинтарит Алија Аметија прво. Е со него немат јадење, мада Зајко и жив мојт да го папат.  Нееее. Него ќе си го масираме, галиме, нишаме, мазиме и ќе си го викаме Боле…..неее јадење детето никако. Не пашење. Со него само со арно. Буци Буци Али. А на овај пак ако не го бендисвит како масират Никола ќе му се свртит на Зајка, уствари ќе го навртит Зајка и ќе видит овај како тинтрат. Арно ама пред да ги осетит масажите на нашиве двајца ајштановци прво сите лидери од албанските партии си ојдоа кај Ашима Тачија прецедникот на Косово да си се консултирет шо и како.

Нормално. Шо потреба да одат кај Иванов ко нив председател им е Ашим. Нивна матична држава е Косово. Мада имет недозавршени работи и во наша НСРМ. Ваљда и за то беа кај гуру Ашим да добијат инструкции и да им кажит тој дали Никола дали Зоран имат помека кичма. Па Али ќе му станит брат и ќе му го скршит кичмана. И да виш дека 10 е поголемо и од 51 и од 49 и од 100.

Ете трите албански партии седнаа и си усвоија заедничка платформа за нивните интереси. Алооо Николааа, алоооо Зоранеееееее седнаа и се договорија. А вие? И сега со 10 пратеници ќе прает влада и ќе ја водат државава. Алоооооо. Башка и ќе ве  нишат двајцата на колено како сакат и ќе ви кршит кичми. Додуша искрено  вас партал нека ве  напрајт, газојте ко перуники нека ви ги тртит,  туку нас како народ и кичмите ни ојдоа фира и газојте партали и меојте празни.

Ај нив шо ќе им прајт пучи качи  туку и народов не изнапучија, не раскина. Не расцвета ко барутарка. Бар кај ојдоа за триста глупости субвенции нек дает и за вазелин да ни се помогнит малку. И да ти кажам искрено пусти Али Амети поарно да пукат отколку да преговарат. Бога ми.

И баш сега од ко ја прочитав  платформава албанска ме интересират кој од двајцава наши шерифи имат поголем г`з да му седнит на Амети да му прајт тапшин тапшин танана.

ЏИМИ
jimmy@t-home.mk

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите