Македонската фудбалска репрезентација на 13 октомври пред своите гледачи на националната арена „Филип Втори“ во рамките од третата рунда во Лигата на Нации силите ќе ги одмери со селекцијата на Лихтештајн. „Црвено црните“ имаа одличен почеток победувајќи на првите натпревари од групата против Гибралтар односно Ерменија, а серијата (ќе) треба да продолжи и на дуелот против Лихтенштајн.

  • Имаме две победи на стартот од Лига на нации, но ништо не е готово. Радува тоа што се наоѓаме во добра форма, имаме одлични фудбалери и сега не очекува Лихтенштајн. Мора да го добиеме овој меч. Но, пак велам дека ништо не е готово. И нема да е толку лесно, затоа што во фудбалот се е можно. Но, ние сме поквалитетни, ни се вратија Хасани и Адеми. Треба да имаме концентрација како на последните мечеви. Ако играме така, сигурно ќе победиме. Дадов два гола на првите два меча, но не ми е важно кој ќе даде гол, сакам да победиме. Секако дека сакам пак да дадам гол, но и да не дадам, ќе бидам среќен со три бода. – изјави Езџан Алијоски.

Фаворитската улога и припаѓа на Македонија, а се освен победа ќе биде неуспех. – Очекувањата против Лихтенштајн се победа. Цела Македонија го очекува тоа. Имаме три дена до мечот, доволно време да се подготвиме. Целосно сме фокусирани на првиот меч за нас, а потоа ќе мислиме на Ерменија. Имаме шест бода на првите два меча. Сакаме да бидеме први во групата – дополни Стефан Спировски.

Македонија со шест бодови е лидер во групата, а токму во овие две средби ќе се одмота клопчето за првата позиција која носи во плејофот.

OhridNews