Македонскиот репрезентативец, Езџан Алијоски, од наредната сезона ќе го носи дресот на Галатасарај. Во редовите на турскиот великан, Алијоски, ќе се пресели како слободен играч.

Алијоски се решил на ваков чекор откако пропаднале обидите да го продолжи договорот со Лидс. Левиот бек не бил задоволен од финансиските услови кои му ги понудил актуелниот клуб.

Турскиот медиум„Фотомак“, повикувајќи се на свои извори во клубот, пишува дека Алијоски побарал од Галатасарај, договорот да биде објавен откако ќе заврши сезоната.

Алијоски стравувал од реакцијата на навивачите на Лидс, за кои Галатасарај е непријателски клуб. Омразата помеѓу навивачите на овие клубови трае од 2000 година, кога во Истанбул, пред дуелот на Галатасарај и Лидс во Купот на УЕФА, двајца англиски навивачи беа избодени до смрт.

Алијоски, од почетокот на сезоната, за Лидс, има одиграно 32 натпревари, постигнал два гола и забележал една асистенција.

OhridNews