Тринаесет приговори за вториот круг од локалните избори во Струга поднела до Државната изборна комисија Алијансата за Албанците. ДИК треба да се произнесе по нив во рок од 48 часа, а партијата доколку не е задоволна има право на тужба до Управниот суд.
Локалните избори во Струга предизвикаа отворен конфликт во владината коалиција чиј дел е Алијансата за Албанците. Дали оваа партија ќе остане и натаму во владата е неизвесно, но извесно е дека Зиадин Села кој беше кандидат за градоначалник на Струга нема да седне во министерското сточле на својот сопартиец Таравари кој победи на локалните избори во Гостивар. Тој отвфрли секаква можност да биде министер во владата на Заев на кого му е лут за отворената поддршка што СДСМ му ја даде на кандидатот на ДУИ Рамиз Мерко во Струга.
OhridNews












