Алијансата за позитивна Македонија донесе одлука да се преименува во „Партија за општествен и економски напредок“ или скратено „ПОЕН“, како и да започне процедура за пристапување кон Европската слободна алијанса (ЕФА) како придружна членка. Новото име на Партијата ќе се користи откако ќе се запише во судскиот регистар. 

На седницата на Главниот одбор за нов претседател на ова тело е избран Димитар Илиевски, направена е мала реконструкција на Извршниот одбор, додека на чело на партијат останува Проф. д-р Рубин Земон од Охрид.

OhridNews