Главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија на седницата одржана денеска донесе одлука за трансформација на движењето во политичка партија.

-Оценка е дека денеска Алијансата за позитивна Македонија е препознатлив општествен политички субјект што се гледа преку бројот на општинските организации и бројот на членството кое постојано расте. Тргнувајќи од ова денеска е донесена одлука Алијансата за позитивна Македонија да се трансформира во политичка партија која ќе учествува на идните парламентарни избори.- соопшти Алијансата за позитивна Македонија.

Оттаму додаваат дека досега се собрани над 1200 изјави на членови заверени на нотар за регистрирање на партијата, а процедурата ќе започне во понеделник.

OhridNews