Офанзивиот Алими, а не Далчески како што првично пренесоа медиумите беше стрелец на изедначувачкиот гол за Охрид на гостувањето кај Работнички.

Ова не е прв пат да се направи ваков превид при евидентирањето на стрелецот за Охрид. На мечот со Брегалница, голот го постигна Далчески, но истиот му беше препишан на Димоски.

Со три постигнати гола Алими и Димоски се најдобрите стрелци во охридскиот тим.

М.П.