Алиса Кампанела, мис Калифорнија, е најубавата американка за 2011 година. Таа на изборот за мис Америка , на кој учествувале повеќе од 50 убавици, ја понела круната за најубава жена во САД. Алиса ќе учесвува на изборот за мис Универзум, кој ќе се одржи во септември во Бразил, заедно со повеќе од 100 убавици од целиот свет.


Алиса, инаку, потекнува од Њу Џерси, има 21 година и е вљубена во проучувањето на историјата, посебно на периодот на владеењето кој се поврзува со лозите Тјудор и Стјуарт. Новата мис Америка на својот твитер налог напишала дека ме може да поверува дека победила и им се заблагодарила на сите кои и пружиле поддршка.