Тетарот за деца и младинци, вечерва во предворјето на Св. Софија во 21 часот ќе ја изведе претставата „Алиса во земјата на чудата“, во режија на Александар Ивановски.

Улогите во претставата ги толкуваат Марија Ѓорѓиовски, Предраг Павловски,Тања Кочовска, Катерина Илиевска, Винета Дамчевска, Владимир Лазовски,  Ана Левајковиќ и Драган Довлев.

„Алиса во земјата на чудата“ e едно од најпознатите и најинтригантните дела во детската литература. Низ играта на раскрилената детска фантазија на Луис Керол, Алиса патува, расте, се намалува и сретнува необични жители во својот необичен сон. Користејќи ја пред се имагинацијата на изведувачите, режисерот Ивановски во своите претстави развива театарски јазик кој во исто време отворено ги дискутира и напаѓа границите помеѓу театарот и реалниот живот.

 OhridNews