Минатиот четврток актерката Алиша Силверстон станала мајка. Родила син и за него одбрала навистина невообичаено име, односно Bear Blu, што во превод значи сина мечка. Портпаролот на парот изјавил дека родителите биле пресреќни поради добивањето на синот.


Алиша им се заблагодарила на обожавателите за поддршката и убавите желби кои и ги испраќале за време на бременоста. Таа е во брак со музичарот Кристофер Јарецки. Се венчале 2005 година по осум години врска.