Поранешната ракометарка на Вардар, Алисон Пино нема по добро да го памети дерби мечот помеѓу нејзиниот тим Баја Маре и Залау откако беше мета на расистички напади од противничките навивачи. Французинката добро се носеше со притисокот во текот на мечот, но пред крајот таа излезе од игра и побара да биде прекинат натпреварот.
Подоцна, за несаканите и се почести испади од трибините Пино се огласи преку социјалните мрежи каде напиша. – Немам коментар за ова, вака во Романија се покажува непочитување. Никогаш нема да се согласам со вакво однесување. Горда сум на мојата боја… Можеби заборавивте дека играм за ваш тим во вашата земја. Не можете да го цените тоа, а јас по секој натпревар сум културна со сите вас, застанувам, се фотографирам. Доколку не ме почитувате тогаш нема што да барам тука! Никогаш нема да дозволам некој да ме скрши, особено кога во прашање е моето потекло. Идиоти има насекаде, затоа светот се повеќе пропаѓа. Имав почит и ве ценев, но отсега ќе се однесувам поинаку.
OhridNews











