Ракометарите на Охрид забележаа вредна победа на гости над Алкалоид 26:27  и направија значаен чекор кон 2 место на табелата што води директно во Европската лига.

Голема победа на Охрид над Алкалоид во Скопје. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

Избраниците на Борис Ројевиќ два дена по триумфот над Целје и пласманот во ЕХФ Европскиот куп и пласманот во финале, и холемото емотивно празнење,  втор пат сезонава го совладаа  Алкалоид на гости.

Охрид на мечот настапи без креатотот на играта и еден од најважните играчи сезонава Тилен Стрмљан, но екипата и без него покажа сила и карактер.

Гостите имаа предност во текот на речиди целиот натпревар и сосема заслужено стигнаа до победата.

На Охрид сега му претстои пресметка со Вардар во сабота во салата “Билјанини извори” која може да биде клучна за конечниот расплет во врвот на табелата.

Г.М.