ГРК Охрид го совлада лидерот на табелата и актуелен вицепрвак Алкалоид 30:26 (16:09) во натпревар од 4 коло од плеј – офот.
На голот на Охрид блескаше одличниот Ѓорѓески со 15 одбрани, а во нападот Цирар со 14 гола. Шафранко мечот го заврши со 7 гола, а Орјоникидзе постигна 5.
Статистика ГРК Охрид: Ѓорѓески, Ојлески, Мацуока, Јукиќ 1, Стојлевски, Дрогришки, Паладија, Ристевски, Тасески 2, Шафранко 7, Кукоски, Крстевски 1, Шешиќ, Орјоникидзе 5, Бојаниќ, Цирар 14.

Натпреварот се одигра во извонреден амбиент пред околу 2000 гледачи во исполнетата сала „Билјанини извори“.

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски