Собранието ги изгласа измените на Законот за трговија со кои се укинува забраната за продажба на алкохол после 19 часот, односно 21 часот во лето. Законот го поддржа 62 пратеници.
Со измените се дозволува продажба на алкохолни пијалоци и во киосците, додека на бензинските пумпи таа и понатаму е забранета. Останува обврската за објектите кои сакаат да продаваат алкохол да поседуваат соодветна лиценца што ја издава државата.
OhridNews