Рано утрово, околу 2 часот, во пекара лоцирана на ул.„7 Ноември“, дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на 38- годишно лице, кое во алкохолизирана состојба најпрвин вербално ги нападнало присутните, а потоа им се заканувало и со нож, скршило една витрина и физички го нападнал сопственикот на пекарата.

Пријавениот е приведен во охридската полициска станица каде е алкотестиран, при што биле утврдени 2,76 промили алкохол во крвта.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање  на случајот.

OhridNews