Еден од најталентираните играчи во италијанскиот фудбал Антонио Касано во своите две книги од кои една е автобиографска откри за својот ексцентричен живот надвор од теренот.
Касано прво Рома, па во Реал Мадрид, Милан и Интер имаше шанса да го покажа својот раскошен талент, но никаде не успеа да го победи лошиот темперамент.
– Страста кон забавите, алкохолот и сексот на 20 години беше посилна од мене. Најмногу се опуштив во Реал Мадрид кога станав многу популарен и лесно беше да „лудува“ по сите дискотеки и пабови. Еден пријател констатно ме советуваше и ме нарекуваше будала, и да, се уште сум истиот. Сега секој може да ме осуди, но јас не се каам бидејќи тоа што сум го правел тогаш било по моја волја. – рече Касано.
33-годишниот член на Сампдорија во книгата има откриено дека после победата над Јувентус (4-0) во 2004 година конзумирал алкохол до раните утрински часови. На тој меч повремениот италијански репрезентативец постигна два погодоци и асистираше за еден.
OhridNews











