Мекларен денеска многу се мачеше во квалификациите за ГН на Јапонија. После релитивниот напредок на последните две трки денеска на виделina излезе немоќта на моторите на Хонда. Невообичаено долго трае прилагодување на некогашниот светски првак во категорија на мотори, во однос на изјавите кои ги дадоа не почетокот на сезоната.
„Перформансите едноставно не беа добри“. – изјави помалку нервозно Алонсо, еден од возачите на Мекларен. – „Цел викенд го трошиме на она што мислевме дека веќе се стабилизира, а тоа е балансот на болидот посебно на задниот дел на возилото. Мислам дека наместо напред отидовме чекор наназад и мораме некако да извадиме повеќе брзина. Искрено после толку години во овај спорт не знам лично јас како да придонесам за подобрување на сето ова“. рече Алонсо. Дали веќе трпението на Шпанцеот е при крај?
Фернандo Алонсо – Каде е проблемот?
“Пред пет дена сите новитети на Хонда работеа беспрекорно во Малезија. Дали Хонда е толку е способна или пак перформансите се менуваат оd трка на трка сега засега не можам да кажам.“– резигнираан е двократниот светски првак чија изјава нема туку така да помине во редовие на Мекларен и на Хонда.
Утрешната трка стартува во 7 часот по македонско време со очекување да има и слаби врнежи. Дали ќе биде така остануваат неколку часови да видиме.
OhridNews