Шпанскиот пилот Фернандо Алонсо неодамна имаше страотен судар на тестовите во болидот на Мекларен, по кој претрпе потрес на мозокот.
После неколку часа во безсознание Алонсо се разбудил и не се сеќавал на несреќата. – Се викам Фернандо имам 13-ет години и се натпреварувам во картинг, а еден сакам да истото тоа да го правам во Формула 1. – биле првите зборови на Шпанецот по будењето.
Пилотот на Мекларен со околу 150 километри на час се удри во заштитната ограда и во болница беше пренесен со хиликоптер.
Поради сериозноста на повредите Алонсо ќе го пропушти стартот од новата Ф1 сезона, која ќе биде една од поинтересните во последните неколку години.
Ohridnews